Тема бр 3 Средба
3 posters
Страна 1 of 1
Re: Тема бр 3 Средба
Ноќ беше и дожд врнеше...На улицата темна се чувствуваше мирисот на мокриот асфалт. Сенката која ја фрлаше темнината полека ја проголтуваше улицата, на која можеа да се забележат само осветлените краеви! На различните краеви се појавија две силуети. Условите не дозволуваа да се влезе во детали. Одеднаш... силуетите почнаа полека да се движат една кон друга. Тивкиот ветар ги разнесуваше дождовните капки насекаде. Двете силуети се сретнаа и почнаа дијалог со необично тивок и морничав тон на говорење. Беше прилично тешко да се разбере разговорот. Настана кратка пауза. Се слушна кратко чкрапнување а наредниод миг...истрел. Гавранот на локалната бандера полета инаправи три бавни движење. Двете силуети станаа три, им се приклучи гавранот претворен во Смртта. Сечилото на косата нежно го погали грлото на жртвата. Средбата беше неизбежна...
Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Re: Тема бр 3 Средба
баш е убаво... само... имам една забелешка.. нареден пат немој толку често да употребуваш во еден расказ збор што е впечатлив... како на пример тука силуетите... се друго.. прекрасно..
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 3 Средба
nUt напиша:баш е убаво... само... имам една забелешка.. нареден пат немој толку често да употребуваш во еден расказ збор што е впечатлив... како на пример тука силуетите... се друго.. прекрасно..
Благодарам за забелешката, секоја критика е добредојдена бидејќи само така се подобруваме!!!
Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот