Тема бр 2 Љубов
+7
Зевзек
Moniii
zomG
MaJa
qetpoi
*Angela*
nikle22
11 posters
Страна 1 of 1
Тема бр 2 Љубов
Животот насекаде на ист начин тече. Раѓање, растење, радости, таги, борба да се преживее или борба за подобар живот, да се надживеат болести и несреќи и на крајот- крај. Животот е пат по кој секој треба да се продолжи да чекори додека може. Постои нешто што нуди светлина на животниот пат. Постои нешто што го разубавува животот, побудува чекорење напред, што ни влева оптимизам. Најсветлиот факел во животот е љубовта – најубавото човеково чувство. Таа налева толку пријатна топлина во срцето. Од неа бликнува плимата на расположение која ги преплавува нашите вени нашата душа и срце. А тоа, срцето, тогаш се шири како пролетен видик во силно светнат ден.
Љубовта може да биде најразлична: љубов на мајката кон своето дете, љубов кон себе и семејството, љубов кон саканата личност од спротивниот пол, љубов кон животот, работата, љубов кон цвеќињата, книгите итн. За живот не ни се потребни само храна, вода и воздух. За живот ни е потребна и љубовта. При своето раѓање детето е едно од најбеспомошните суштества на светот. Но, за неговиот раст и правилен развој не е потребна само физичка грижа, топлина, храна и задоволување на основните биолошки функции. Од раѓање, па се до формирање зрела личност, треба да се настојува на детето да му се обезбеди емоционална сигурност и многу други емоционални и социјални поттикнувања. Основа на емоционалните поттикнувања е љубовта, заштита и сигурноста. Во различни социјални и културни средини се разликуваат поимите за љубов, заштита и сигурност, исто како што тие различно се манифестираат. Во секој случај зависат пред се од личноста на мајката. Мајката е таа која започнува да ја гради својата емотивна врска со детето уште во нејзината бременост. Од односот дете - мајка, од степенот на стекнатата доверба на детето, зависи потоа и неговата самодоверба, довербата во светот околу него и неговата стабилност и сигурност. Всушност тука од таа мајчинска љубов се поставуваат темелите на идната личност и нејзината успешност во натамошниот живот. Дополнително влијание пружа здравото семејство засновано на меѓусебната љубов
на родителите. Тука го согледуваме значењето на мајчинската родителската и семејната љубов.
Љубовта е најкарактеристична за човекот.
Без оглед на книгите кои говорат за „љубовниот живот на животните“ каде што љубовта се наведува како „искри со светлосни сигнали “, факт е дека неа ја познаваат само луѓето. Тоа чувство не им е познато на животните. Само мозокот на човекот може да ги поврзе најразличните чувства и искуства, наместо секои од нив да ги „сместува“ во посебна фиока.
Љубовта може да бде насочена кон цвеќињата, а и тие како живи суштества имаат потреба од неа. На ова ни укажува еден научен експеримент направен од еден професор по биологија на факултет во Тајланд. Тој заедно со своите студенти засадил во две одделни саксии ист вид цвеќе. Семките имале иста форма, а разликата била само во тоа што на засадените во првата саксија ( но и потоа кога изникнале ) им била искажувана љубов, а на оние од втората не. По еден месец резултатите биле неверојатни. Цвеќето кое било осипано со љубов било за 50 прценти поголемо од она што растело без „љубов“! Обидот успеал, зашто професорот заедно со неговите студенти научно докажал дека љубовта и позитивното размислување влијаат врз растот и развојот на билката.
Но и покрај тоа само човекот може комплетно да ја развие мечтата и да мисли апстрактно, да создава уметнички дела, да проценува што е морално и кого треба да почитува, и на крај, иако не помалку важно – да чувствува љубов. Љубовта е највисока човечка способност за чувствување, која го следи низ целиот развој.
Љубовта ни е потребна, а со нејзината помош им веруваме на другите луѓе. Само со вистинската љубов можеме да оствариме среќен однос со саканата личност, семејството и домот. Зашто таквата љубов и потполно меѓусебно предавање на партнерот – се основа врз која се обликува, одржува и усовршува врската помеѓу мажот и жената.
Љубовта ги соединува мноштвото чувства, а многумина меѓу нив на прв поглед се чинат спротивни, мегусебно се исклучуваат; на пример: гордоста и понизноста, власта и предавањето, страста и смиреноста, загриженоста и животните радости, стравот и тагата...
Така римскиот писател Гај ВалериеКатул, кој живеел од 87 до 54 година
пред Христос, пишувал: „Јас во исто време и сакам и мразам “. А колку животот на современиот човек е поразвиен и позаплеткан,тој има поголема потреба за најубавото и најсилното чувство, за љубов кон одредено лице од спротивиот пол. За жал, тој често не е способен да ја оствари вистинската љубов, зашто да се љуби искрено и потполно значи да се предаде на својот партнер на што голем број мажи и жени не се подготвени.Затоа добро треба да се разликува вљубеноста од вистинската љубов, како и телесната потреба од вистинската љубов.
Вљубениот човек е опседнат со ликот на саканато лице, со него ги врзува сите свои чувства и и препишува многу врлини, кои најчесто не се реални „се спротивставуваат на здравиот разум “. Тие некритички чувства често го надвладуваат разумот, па затоа луѓето зборуваат за „слепа“ или „луда љубов“. Но порано или подоцна ненадејно, како и кај вљубеноста, доаѓа моментот кога разумот ќе надвалдее над чувствата, па „идеалниот партнер“ паѓа од пиедесталот. Очите на вљубеното лице се отвараат, тоа престанува да биде вљубено, а ако изборот на партнерот не бил разумен и нема подлабока подлога, набргу следи крах. Тоа е причина што мадешките љубови често се краткотрајни.
Природата на љубовта сликовито ни ја претставува грчкиот мит.
Хибридите се битија кои биле половина жена, а половина маж. Се сметале за совршени, па се побуниле против боговите на Олимп. Врховниот бог Зевс на тоа се налутил и сите ги расекол на половина, а потоа ги расфрлал низ целата земја. Така настанале мажите и жените кои од тој ден ја бараат својата половина, а кога ќе ја најдат настанува љубов.
Многу е потешко, но и поважно да се негува вистинската љубов. За вистинска љубов способен е само оној кој има доволно чувства за другите луѓе, а такви чувства можат да се развијат само емоционално зрелиот човек, само во средени услови, во среќно семејство, како и со позитивно општо воспитување.
Така се развива потполно исполнет живот. Од такви услови проникнува и љубовта кон работата. Дали ќе го негуваме своето чедо, или можеби беспомошниот стар човек, или цветната градина и неважно, но во
секое свое дејствување да внесуваме ентузијазам, љубов кон работата.
Љубовта е лек за душата и најефикасниот лек во борбата со многу болести. Љубовта е нашиот сојузник, ги потикнува и заемно дејствува со позитивноста, оптимизмот и убавото расположение.
Љубов над сите љубови е онаа обострана, возвратена меѓу двајца сакани. Човековото срце постојано има потреба од љубов, тоа бара и се стреми кон љубов. Кога љубовта ќе најде свој одговор во другото лице тогаш е најголемата среќа. Да бидеш сакан значи да бидеш почитуван, да бидеш мил некому. Тоа е прекрасна двонасочна љубов. Тогаш впрочем незнаеш како да ги прибереш и собереш сите убави моменти и доживувања во себе, зошто тие се ројат и се толку многу. Срцето е вруток на таа љубов, а таа протекува низ вените на нашето тело. А само колку е убаво тоа чувство. Љубовта спие во сечие срце. Само треба да се разгори и распламти. Затоа околу луѓето чие срце е потопено во љубов зрачи светлина.Во љубовта се крие смислата на убавиот живот.Љубовта ни е ѕвездата водилка во животот.
САКАМ! Совршен збор.Не овие пет букви не можат да ги преточат чувствата кои еруптираат како нескротлив вулкан.Ни најбистрите води не можат да ги измијат крвавите борби кои понекогаш ги водиме за да ги реализираме совршените зборови...моменти...Впрочем сме во вечна потрага по совршеното.Но не!Животот е тоа.Барајќи го несекојдневното...налетувам на секојдневното...барајќи го едноставното налетувам на сложеното...барајќи ги зборовите налетувам на чувствата...Потрагата ја завршувам...го пронајдов јазикот на ентузијазмот, на нештата создадени со љубов и волја.Во таа потрага завршувам со нешто што САКАМ и ВЕРУВАМ...

Re: Тема бр 2 Љубов
Никле текстов е .. Стварно те бива за вакви ствари Ти ја глеам иднината уше од сеа :lol!: Продузи вака најбољи текстови пишуваш ПозЗз
*Angela*- Почетник
- Број на мислења : 21
Age : 31
Местолокација : Скопје, Македонија
Поени :
Registration date : 2008-12-25
Re: Тема бр 2 Љубов
Фала Ангела незнам дали таму ќе ми е иднината али во секој случај ќе продолжам да пишувам текстови
Re: Тема бр 2 Љубов
Браво Никле, само така продолжи, те бива за оваа работа.
qetpoi- Администратор
- Број на мислења : 141
Age : 31
Местолокација : Куманово
Поени :
Registration date : 2008-12-27
Re: Тема бр 2 Љубов
Ооо никле ман денес си бил мн инпиративен...види шо убав текст си напишал...браво,браво се гордеам со тебе...ама текстов е стварно прекрасен=)
MaJa- Чирак
- Број на мислења : 119
Age : 30
Поени :
Registration date : 2008-12-25
Re: Тема бр 2 Љубов
Фала фала ви на сите хаха а за инспирација незнам дали бев баш инспириран али ќе пројде и така
Re: Тема бр 2 Љубов
На дадената тема се пишуваат соодветни мислења а доколку сакаш да ме почастиш нешто ќе се договориме ќе се видиме вака не иде само да ветуваш нешто без да исполнувашzomG напиша:Браво браво точак сеа сакаш или тротинет со една дупната гума ...
Re: Тема бр 2 Љубов
Ноу комент =(
Moniii- Почетник
- Број на мислења : 61
Поени :
Registration date : 2008-12-25
Re: Тема бр 2 Љубов
тука не постирам,пошо ова е територија на никле!!така да,ако нешто напишам,тоа ќе биде во голема сенка,од тоа што ќе го напише никле!!!
Зевзек- Модератор
- Број на мислења : 452
Age : 30
Местолокација : позади седум мориња,планини и седум трафики
Поени :
Registration date : 2008-12-25
Re: Тема бр 2 Љубов
Никле брат ти не си нормален како не те мрзи да пишуваш волкав текст... бај д веј браво за текстот
Duci GEGE- Модератор
- Број на мислења : 828
Age : 31
Местолокација : Скопје,Македонија
Поени :
Registration date : 2008-12-26
Re: Тема бр 2 Љубов
Брат тоа е некогаш ме мрзи али у моменти на инспирација нема мрза или слично само пишувамDuci GEGE напиша:Никле брат ти не си нормален како не те мрзи да пишуваш волкав текст... бај д веј браво за текстот
Re: Тема бр 2 Љубов
Добро сум.. фала на прашање... но ми треба твојата дозвола, а ти... ти само ги броиш деновите... Не сакам да бидам таа која што ќе се смее најгласно, не сакам да бидам повикот кој што ќе те буди во утрата, затоа што сум единствената на светот што знае дека нема да бидеш дома.. Но ако сакав тишина, ќе шепотев, ако сакав осаменост, ќе заминев, ако не те сакав... ќе знаеше.. Сонцето рече добро утро, повторно станав на нозе.. сфатив, не сакам мојата приказна да заврши вака.. Зошто неможеш само да бидеш до мене.? И зошто е толку тешко? Дали сакаш да ме гледаш повредена..? Зошто сеуште те сакам.. сеуште... Ништо неможе сега да ме повреди, никој неможе да ме достигне, но зошто чувствувам дека забавата е завршена..? немам чувствува, ти си мојата заштита, но зошто ја чувствувам оваа вознемиреност? Ми кажа дека сега ја гледаш светлината, на крајот од правиот хол.. Сакав да не ме интересира, сакам да не ти дадев се... Не сакам да ја пополнувам тишината, но тишината ме плаши затоа што ја кажува вистината... Не збори, не вреди да си го трошиш здивот за нешто безвредно... Мало недоразбирање и се се смени.. Никој не сака тажно лице... Но неможам да го замислам животот без тебе.. Мислам дека имав добри денови... Ноќта ме повикува, но јас пропаѓам, и ако дозволам да паднам ќе бидам единствената виновна... Се е добро додека е добро.. но секогаш станува лошо.. Додека го барав тоа што го имав се слушнав себеси плачејќи Никогаш Повторно... Скршена со мака.. пробувајќи да те пронајдам....
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 2 Љубов
незнам... не ме прашувајте... незнам како го напишав ова...
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 2 Љубов
Ова е некоја вистина за тебе??? За мене би било... Многу е убаво џД
Боyана- Деловен работник
- Број на мислења : 578
Age : 29
Местолокација : Пред лаптоп џД
Поени :
Registration date : 2009-01-11
Re: Тема бр 2 Љубов
И многу тажно
Боyана- Деловен работник
- Број на мислења : 578
Age : 29
Местолокација : Пред лаптоп џД
Поени :
Registration date : 2009-01-11
Re: Тема бр 2 Љубов
да Боуана.. вистина е...
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 2 Љубов
Лелеееееееее штета и за мене е вистина исто нешо ми се дешаа џД али тоа е...хххх џД
Боyана- Деловен работник
- Број на мислења : 578
Age : 29
Местолокација : Пред лаптоп џД
Поени :
Registration date : 2009-01-11
Re: Тема бр 2 Љубов
После долго долго време се сретнаа повторно... Таа го измина како да не
го познава... а тој се заврте и застана... Но таа неможеше да издржи а
да не ги види неговите очи повторно... Се сврте... Во неговите очи виде
тага... тага за нешто што изгубил... Тој сеуште ја сакаше.. а и таа
него, но беше предоцна за да бидат повторно заедно.... Зар ќе биде тоа
совршена љубов послем 4 месеци? не, нема... Се зближија.... Помина со
раката низ нејзината коса... Сакаше да каже дека му недостига... Но таа
се тргна.. Сакаше да го гушне како што го правеше тоа порано... Но
неможеше да дозволи да го помине истото страдање со кое живееше... Не
сакаше да ја разбуди таа страст која постоеше меѓу нив затоа што
страшно ќе ја болеше.... И така.. стојат еден пред друг без ништо да си
кажат... Само со поглед се разбираа.. и тоа им беше доволно за да си
објаснат дека љубовта не згаснала... Болно е кога имаш некој толку
блиску крај себе а сепак толку далеку.... Сакаше да ја бакне... Но таа
повторно се тргна.. “Живеам убав живот“ му рече.. “Го сакаш?“ ја праша
тој... Таа го наведна нејзиното лице.. Знаеше дека сеуште го сака..
Тишината го кажа своето.. таа сеуште лудуваше по него... сеуште сакаше
да го има крај себе во прегратка како што беа во школскиот двор...
Заедно ја гледаа месечината.... И си кажуваа дека никогаш нема да се
разделат... Но тоа се случи... Болно.. продолжија да живеат без никаква
понатамошна желба за живот... таа повторно го погледна... Со погледот
му кажуваше дека сеуште го сака... а и тој нејзе.... тој си замина, а
таа го следеше секој негов чекор.....

Тешко е да се сака и за љубов да се моли, и да не ти е возвратено, премногу боли, правата љубов никогаш не се заборава, вечна болка, вечна рана во душата остава. И да си со друга, ова нема да заврши, остануваш во моето срце кое веќе се скрши на два дела, едниот за тебе, нека остане да се сеќаваш на мене. Oној кој те сака сега, и ќе те сака стално, и те сакал секогаш искрено и реално, но незнам дали доволно, за ти сватиш, дека пропушташ нешто, за кое вечно ќе патиш. Животот е круг, од секогаш било така, ќе видиш дека е редок е оној кој те сака. ке ти биде јасно колку нештото ти значи, откако ќе го изгубиш...е тогаш плачи... Исто како мене, по тебе што плачев, со прашањето во себе, дали нешто јас ти значев, не ни знаев дека е тешко да те остават вака, за прв пат сватив што е вечно да се сака. Но со кого и да бидеш, сакам само среќен да те видам, јас ќе те сакам тебе, па со кој и да бидам, како и да е, остануваш во срцето мое,
ЗНАЕВ, ОНА ШТО ГО САКАШ, НИКОГАШ НЕ Е ТВОЕ.
јас не се откажувам, како сакаш ова свати го,
ЖИВОТОТ Е ТЕЖОК А ЉУБОВТА Е РЕТКА, ТОА ЗАПАМТИ ГО
ЗНАЕВ, ОНА ШТО ГО САКАШ, НИКОГАШ НЕ Е ТВОЕ.
јас не се откажувам, како сакаш ова свати го,
ЖИВОТОТ Е ТЕЖОК А ЉУБОВТА Е РЕТКА, ТОА ЗАПАМТИ ГО
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 2 Љубов
premnogu taga i solzi za inspiracija....
nUt- БркајРабота VIP
- Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Registration date : 2009-01-05
Re: Тема бр 2 Љубов
Ми го замати паметот уште од првиот момент кога те здогледав, си реков ќе бидам силен и нема да попуштам. Ми беше тешко да се изборам но на крај ме победи со твојата психичка и физичка убавина(нарочито со психичката)! Почнав да збудалувам и се ме нервира. Пробав да најдам лек во музиката но од неа ми дојде само полошо. Побарав совет кај другарите, не знаеја да ми помогнат. И кога решив да ти се обратам, кога решив да го прејдам судбоносниот праг молњата од твоето срце ми го пресече патот. Но јас немам страв од струја, ќе издржам. На наредниот чекор ме опфати поплава од мислите насочени кон тебе. Но имам искуство со пливањето и нема да се удавам! И токму кога бев толку блиску до тебе, забележав дека нивото на чувства во резервоарот е еднакво на нула! Сега сум изнервиран, седам пред компјутерот и мислам зошто понекогаш упорноста не се исплати, што е тоа што треба да го направам, како да постапам...? Не ми е лесно и незнам до кога ќе терам вака, ... , СЕ ЗАВИСИ ОД ТЕБЕ...
Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Similar topics
» Предлог за тема
» Тема бр 3 Средба
» Тема број 1 Почеток
» Проблематичната прва љубов
» Дали верувате во љубов на прв поглед?
» Тема бр 3 Средба
» Тема број 1 Почеток
» Проблематичната прва љубов
» Дали верувате во љубов на прв поглед?
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот