Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

САЕМ НА 7 до 10 мај(медицина здравје)

Go down

САЕМ НА 7 до 10 мај(медицина здравје) Empty САЕМ НА 7 до 10 мај(медицина здравје)

Пишување by Aqua Source Сре Мај 06, 2009 1:47 am

Драги пријатели, ова не е реклама ова е актуелна вест!!!!
Од 07 до 10 Мај 2009 ќе учествувате ли??? на саемот „Здравје & убавина“.од 10:00 до 19:00 часот во Метрополис Арена на Скопски саем.
Kолку ние знаеме за ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ????
Ова е само информација за интересни состојки на мајката природа!!!!!!Пронајдени од човекот, создадени за човекот.
Пролетта е најповолниот период во годината за детоксикацијана организмот за подобрување на општото здравје. Низ историјата разни култури на народите во светот применувале редовна детоксикација на органите, ткивата и клетките. Во денешно време се регистрирани окол десет илјади контаминанти во храната, водата и животната средина и поважно е да се знае како да се заштитите отколку дури потоа да се научи како да се чисти организмот од токсини, зашто така постои помала веројатност за нарушување на нашето психич менталноздравје. Околината што не опкружува е полна со загадувачи, а храната што ја јадеме е со многу адитиви. Во нашите домови, средствата за чистење во домаќинството, растворачи, пушењето и освежувачите за воздухот придонесуваат за токсична околина. Надвор од дома, наидуваме на издувни гасови од автомобилите, смог, индустриски чад, пестициди и други разни земјоделски хемикалии. Исто како што нечистотиите се насобираат низ повеќе месеци, така и токсините се натрупуваат во организмот. Дури и храната без адитиви може да предизвика создавање токсини. Внесување на јаглени хидрати, премногу рафинирани, такви како на пример леб или пецива од бело брашно е како да се јаде лепак, и ваквата храна не се лизга низ цревата, туку се лепи на цревните ѕидови и ја пореметува работата на дигестивниот систем. Ова доведува до насобирање на отпад во дебелото црево и фекалните материи започнуваат да се распаѓаат што придонесува за развој на бактерии и насобирање на токсини. Евентуално токсините може да поминуваат низ порите на дебелото црево и преку крвните капилари да се дистрибуираат низ организмот. Токсини се создаваат во организмот како резултат на метаболички процеси обично како резултат на небалансирани состојби. Емоционален стрес, небалансирана храна и конзумирање на преголеми количини храна практично води кон создавање на токсини. Токсините бавно се наталожуваат во организмот и го нарушуваат здравјето. Организмот преполнет со токсини може да покаже бројни симптоми како запек, дуење на стомакот, слаба дигестија, гасови, замор, зголемена телесна тежина, зголемен секрет, слаба концентрација, главоболка, млитава кожа, намалена меморија, депресија, лош здив.
Со детоксикацијата се прочистуваат црниот дроб, бубрезите, дебелото црево, крвта, кожата, белите дробови и лимфниот систем. Чистењето на органите, ткивата и клетките овозможува обнова на оштетениот организам и се смета дека помага во заштита од појава на болести. Детоксикацијата е важна за здравјето и виталноста на организмот. Ова претставува програма за детоксикација на клеточно ниво што помага за подобрување на енергетските нивоа и виталноста. Ова придонесува за подобар сон кој овозможува одмор и му помага на организмот да ги намали хроничните болки и настанатите воспаленија.
комплетна програма за прочистување на организмот.
АФА алги, дигестивни ензими, Ацидофилус, Бифидус. Овие овозможуваат чистење на организмот и подобра функција на дигестивниот систем со подобрување на апсорпцијата на храната. Воедно, ослободува од стрес, депресија, проблеми со синусите, ја подобрува менталната состојба, овозможува мирен сон, дава повеќе енергија и ја зголемува одбранбената способност на организмот. Програмата го намалува штетното дејство на слободните радикали, го подобрува изгледот на кожата, помага при отстранување на хроничен замор и за полесно варење на храната во организмот.
Acidofilus – погоден за организмот, посебно по употреба на антибиотици, помага во обнова и нормален баланс на интестиналната бактериска флора. Исто така има поволно дејство при вагинални и уринарни инфекции. Bifidus – е доминантна пробиотична бактерија во дебелото црево и е од витално значење за негово правилно функционирање. Оваа пријателска бактерија ја регулира и одржува потребната pH средина на дебелото црево и го одржува во здрава состојба при што отпадните материи може да се елиминираат брзо и лесно. Кога Bifidus и други пробиотици, ензими и вода отсуствуваат од овој краен и најважен дел од дигестивниот систем, тогаш елиминацијата е забавена или стопирана, а мукозната обвивка на дебелото црево е нарушена и ослабена. Дигестивни ензими – ја разградуваат храната што ја јадеме и тие се извор на нутриенти и извор на енергија. Секоја клетка прима свежи материи од организмот како резултат на активност на дигестивните ензими. Недостаток на ензими во организмот може да доведе до развој на болести, ако храната и нутритивните суплементи што ги внесуваме не се разградат и апсорбираат правилно. Така ензимите имаат големо влијание во одржување на здравјето. AFA алгите – богати се со белковини, јаглехидрати, витамини и минерали. Тие го снабдуваат организмот со хранливи материи и го чистат од токсини создавајќи услови за нормални животни функции.

„Суперантиоксидант со Pycnogenol™️ “ - содржи природни растителни екстракти, есенцијални витамини и минерали и други нутриенти кои му помагаат на организмот да се справи со модерниот животен стил и промените на околината. Производот содржи комплекс од силни антиоксиданси како Pycnogenol, Ginkgo Biloba, боровница, Зелен чај, природен Е- витамин, АФА алги и Dunaliella salina. Оксидацијата предизвикува оштетување на клетките во организмот, создавајќи високореактивни соединенија т.н. слободни радикали кои се создаваат секојдневно во организмот како резултат на емоционален стрес, UV зраци, загаден воздух, пушење и други фактори кои го загрозуваат здравјето. Но, природните антиоксиданси помагаат во намалување на ефектите од слободните радикали.
„ Суперантиоксидант со Pycnogenol™️“ – заштитува од предвремено стареење, UV зраци, алергии, ослободува од стрес, помага при хроничен замор и подобрување на видот, ги зајакнува крвните садови, ги ублажува ефектите од активното и пасивното пушење, ја подобрува циркулацијата и елиминацијата на штетните материи.
Прочистете го организмот, ќе се чувствувате здрави, витални и полни со енергија за нови работни потфати.
Текст на Светлана Стајиќ, проф. дипл. инж. биолог
Aqua Source
Aqua Source
Почетник
Почетник

Број на мислења : 15
Поени :
САЕМ НА 7 до 10 мај(медицина здравје) Left_bar_bleue0 / 1000 / 100САЕМ НА 7 до 10 мај(медицина здравје) Right_bar_bleue

Registration date : 2009-04-27

http://www.aquasource.net.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот