Електронската пошта го открива карактерот
2 posters
Бркај работа :: Секојдневие :: Муабетење
Страна 1 of 1
Електронската пошта го открива карактерот
Луѓето што ја проверуваат електронската пошта на секои пет минути
„трошат“ цел работен ден или 8,5 часа неделно за да сфатат што правеле
пред да ја добијат електронската порака.
Вообичаено се смета за културно пријателот или колегата да одговори на
вашата електронска порака веднаш штом ќе ја добие. Но едно истражување
покажува дека таквата брза реакција може да биде и знак за некои
негативности: може да значи дека испраќачот е под стрес или дека има
мала самодоверба, се вели во приказната што ја објави „Дејли мејл“.Д-р
Карен Рено, предавач на Универзитетот на Глазгов и експерт за
компјутерски науки, која го спровела истражувањето, вели дека
корисниците на електронска пошта може да се категоризираат во три
групи: релаксирани, поттикнати и под стрес. Жените чувствуваат поголем
притисок брзо да одговорат на добиената нова електронска порака отколку
мажите.
- „Релаксираната“ група не дозволува добиените електронските пораки да
вршат каков било притисок врз нивниот живот. Тие се однесуваат кон
електронските пораки исто како што би се однесувале кон добиеното
конвенционално писмо: го добиваш, го разгледуваш кога ќе имаш време и
не дозволуваш тоа да ти ги расипе плановите или да те вознемири.
Припадниците на втората група се чувствуваат „поттикнати“ што побрзо да
се справат со добиената електронска порака, но тоа не им претставува
дополнителен притисок. Третите, пак, реагираат негативно на притисокот
што го „акумулира“ новата добиена електронска порака. Тоа кај нив
предизвикува стрес, а стресот предизвикува широк спектар здравствени
проблеми - вели д-р Рено.Д-р Рено, психологот Џудит Ремзи од
Универзитетот „Пејсли“ и нејзиниот колега статистичарот Марио Хер,
анкетирале 177 луѓе, претежно со академско образование и со креативни
професии, за да видат како тие се справуваат со електронските пораки
добиени на работното место.
ЧЕСТО ПРОВЕРУВАЊЕ
Истражувањето покажува дека 34 отсто од работниците што и' припаѓале на
„стресната“ група, се чувствуваат обземено од големиот број електронски
пораки што секојдневно ги добиваат и се чувствуваат обврзани да
одговорат што побрзо. Околу 28 отсто од анкетираните биле
категоризирани во групата „поттикнати“ примачи што ги чувствуваат
новите електронски пораки како еден вид притисок, додека околу 38 отсто
од анкетираните биле ставени во групата „релаксирани“ зашто сметале
дека е сосем нормално да не одговорат на новите пораки ни следниот ден,
а понекогаш дури ни по една недела, без да се чувствуваат непријатно
или под притисок поради тоа.
Работниците што користат компјутер обично ја проверуваат електронската
пошта за нови пораки речиси 30 до 40 пати дневно, и поминуваат од
неколку секунди до една минута читајќи ги. Половина од анкетираните
изјавиле дека ја проверуваат електронската пошта повеќе од еднаш на
секој час, а 35 отсто дека тоа го прават на секои 15 минути. Сепак,
софтверот за мониторирање инсталиран на нивните компјутери покажал дека
тие ја проверуваат електронската пошта многу почесто отколку што
изјавиле. Во просек луѓето чекале само минута и 44 секунди пред да ја
отворат новодобиената електронска порака, но две третини од
анкетираните ја читале новата електронска порака по само шест или
помалку секунди. Од друга страна, тие не се чувствувале поттикнати да
се јават на службениот телефон дури ни по третото ѕвонење.
ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ
- Електронската пошта ги предизвикува повеќето проблеми на работното
место. Таа е прекрасна алатка, но нејзината употреба е прекумерна.
Мејловите знаат да бидат и напорни. Во човечката природа е да покаже
љубопитност во однос на содржината, особено ако е таа од член на
семејството или од пријател, па ја прекинувате работата за да ја
прочитате. Проблемот се јавува кога ќе се обидете да и' се вратите на
работата зашто веќе сте ја изгубиле мислата и, се разбира, станувате
помалку продуктивни. Човечкиот мозок се заморува од прекинувањето на
работата на секои неколку минути за да се провери електронската пошта.
Колку повеќе овие „занимации“, вклучувајќи ја и електронската пошта, ви
го одвлекуваат вниманието, толку сте поуморни и помалку продуктивни -
вели д-р Рено.Истражувањето, исто така, покажува дека луѓето што
припаѓаат на „стресната“и на „поттикнатата“ група корисници на
електронската пошта, почесто имале помала самодоверба од луѓето во
„релаксираната“ група во однос на одговарањето на електронските пораки.
- Ние не знаеме што ги поттикнува луѓето веднаш да одговорат на
електронските пораки кои предизвикуваат стрес. Тоа е нешто што мора
дополнително да се истражува. Беше големо изненадување што толку многу
луѓе имаат негативен став кон својата електронска пошта и фактот дека
„стресната“ група во најголем број ја сочинуваат жените.Друга студија,
спроведена лани, покажува дека се потребни околу 64 секунди за мозокот
да се врати „во колосек“ на тоа што го работел пред пристигнувањето на
новата електронска порака. Тоа значи дека луѓето што ја проверуваат
електронската пошта на секои пет минути „трошат“ цел работен ден, или
8,5 часа неделно, за да сфатат што правеле пред да ја добијат
електронската порака.
Луѓето со креативни професии за кои се потребни подолги периоди на
концентрација и луѓето под притисок да завршат важен проект, биле
најмногу погодени од стресот предизвикан од електронските пораки. Од
друга страна, пак, луѓето што работата во т.н. кол-центри и кои
секојдневно добиваат огромен број електронски пораки во рамките на
својата работа, воопшто не ги чувствуваат негативните ефекти од
електронската пошта споменати во истражувањето.

Re: Електронската пошта го открива карактерот
Ако мислиш дека ќе го читам ова горе се лажеш по малце!!!
Инаку мислам дека по мејлот не стално можеш да го дознаеш карактерот на човекот!!!

Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Бркај работа :: Секојдневие :: Муабетење
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот