Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Цар Самоил

2 posters

Go down

Цар Самоил Empty Цар Самоил

Пишување by Duci GEGE Пет Јан 23, 2009 10:44 pm

Цар Самоил (958 - 6 октомври, 1014) е владател што управувал со големото Самоилово царство на територијата на денешните Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век. Иако не успеал да ја сочува независноста на неговата земја под налетите на византискиот император од македонската династија Василиј II, Самоил успешно се спротиставувал со децении и претставува единствениот водач што го победил Василиј II во битка.

Познат како успешен генерал, Самоил освојувал нови територии во сите правци. Набргу, неговото царство било распространето по речиси сиот Балкан, со делови од Грција, Тракија, кои биле сè уште под византиска власт. Во 986, Самоил одбегнувајќи го претпазливо секој отворен судир со противникот, ненадејно ја нападнал армијата на Василиј II додека се повлекувала од клисурите, веројатно кај Тројанова врата. Овој напад војниците предводени од Самоил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници, со што внесле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника, и во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор.Лав Ѓакон овој настан на кој присуствувал и едвај жив се спасил, го опишува многу живо и детално.Јоан Геометар исто пишува дека „Истарот го заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна. Инаку Геометар самиот го опеал овој пораз во песната под наслов „Пораз на Ромеите во бугарската клисура“.

Првиот пораз Самуил го доживеал во битката за Солун. Во 995 година, по грижливо извршените воени подготовки, Самуил тргнал со војската против градот Солун, во чија близина ги распоредил своите чети во заседа. Притоа се послужил со лукавство: испратил само еден помал одред да се пробие до самиот Солун. Дознавајќи за новата опасност, Василиј II го испратил во Солун врховниот заповедник на Западот, магистерот Никифор Уран. Уран со војските стигнал до реката Сперхеј, каде што се залогорил. Самуил откако завршил со пустошење и ограбување по Тесалија, Беотија и Атика, како и низ Пелопонез, исто така се залогорил од другата страна надојдената река Сперхеј. Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе реката на погоден премин, и ја нападнал војската на Самуил на спиење.

Поради факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани. Дури и самиот Самуил и неговиот син Гаврило Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Етолските Планини во Македонија. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги ослободил и со голем плен се вратил во Солун.

Царот Василиј наредил на заробените војници да им бидат извадени очите, а на секој стоти да му се остави по едно око.Такви ги испратил кај Самоил. Кога Самуил ги видел во толкав број и во таков неред, не можејќи да ја поднесе храбро и мирно оваа глетка, паднал на земја во несвест, бидејќи му се слошило. Наскоро присутните го повратиле со миризлива вода. Откако малку се смирил, Самоил побарал голтка студена вода, и кога ја испил, добил срцев удар и по два дена умрел, на 6 октомври 1014 година.

Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име.

Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач. Во почетокот, престолнината на Македонската држава била во Преспа, на островот Ахил, а по прогласувањето на Самоил за цар, престолнина на царството станал градот Охрид.
Duci GEGE
Duci GEGE
Модератор
Модератор

Број на мислења : 828
Age : 31
Местолокација : Скопје,Македонија
Поени :
Цар Самоил Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Цар Самоил Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-26

Вратете се на почетокот Go down

Цар Самоил Empty Re: Цар Самоил

Пишување by Chaki Нед Мар 15, 2009 3:05 pm

Браво ДуЦSmile!
Chaki
Chaki
Модератор
Модератор

Број на мислења : 1256
Држава : Цар Самоил Afghanistan
Поени :
Цар Самоил Left_bar_bleue65 / 10065 / 100Цар Самоил Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-27

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот