Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Филип II

Go down

Филип  II Empty Филип II

Пишување by Duci GEGE Пет Јан 23, 2009 10:37 pm

Филип II Македонски (382-336 п.н.е.), Крал на Македонија (владеел 359-336 п.н.е.), е таткото на Александар Македонски со Олимпијада, и на Филип III Аридеј. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Наскоро по доаѓањето на власт извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа веќе се употребувала во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженува со Епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип II го освојува Кренид, и го преименува градот во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. го освојува атинската колонија Метон, при што ќе го изгуби едното око.

Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од Атињаните во Термопиле, 352 п.н.е.. Во таа година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продира јужно, туку ќе ги освојува источните региони достигнувајќи до реката Хебрус (словенско име Марица).

Во 349 п.н.е. Филип II ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, Македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип превзел успешен поход против Скитите на север.
Duci GEGE
Duci GEGE
Модератор
Модератор

Број на мислења : 828
Age : 31
Местолокација : Скопје,Македонија
Поени :
Филип  II Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Филип  II Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-26

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот