Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

3 posters

Go down

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Empty КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Пишување by nikle22 Нед Јан 11, 2009 10:30 pm

Превземено од сајтот на Детската Амбасада - Меѓаши. Посетете го нивниот сајт на: http://www.childrensembassy.org.mk/

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?
Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.

Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст, каде што ќе добие подетални информации за сите активности кои што се реализираат во општинската организација на Црвениот крст, како и да се одлучи во кои дел од активностите ќе се вклучи.

Правата, обрските и престанокот на членството во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано со Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

Во Статутот на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано следното:
член 10
Членувањето во Црвениот крст на РМ е доброволно и отворено за сите.

Член на Црвениот крст може да биде секој граѓанин кој го прифаќа овој статут и доброволно потпишува пристапница .

Членот на Црвениот крст поседува членска книшка.

Формата и содржината на пристапницата и членската книшка се регулираат со акт на Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ.
член 11

Членови на Црвениот крст можат да бидат:
- Активни
- Претплатници
- Почесни
- Патрони
Активни членови се лицата кои активно се вклучени во работата на Црвениот крст и плаќаат годишна членарина.

Претплатници се членови кои плаќаат годишна членарина.

Почесни членови се лица од јавниот живот во Република Македонија и странство, кои со својата доброволна работа, особено со своите заслуги и донации имаат посебен придонес во развојот на Црвениот крст, а за почесни членови се прогласени од Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.

Патрон е јавна личност назначена од Извршниот одбор, кој постојано го помага националното друштво.

Во активностите на Црвениот крст може да волонтираат и други лица.
член 12

Членовите ги имаат следните обврски:
- Да ги почитуваат и дисеминираат основните принципи ;
- Да ја унапредуваат работата на Црвениот крст на РМ;
- Да го признаваат и почитуваат Статутот, вклучувајќи го и задолжението да се почитува и потпомага заштитата на амблемот;
- Да плаќаат годишна членарина;
- Да учествуваат активно во работата на националното друштво.
член 13

Членовите на Црвениот крст ги имаат следните права:
- Да се оспособуваат за извршување на конкретни задачи на организацијата
- Да учествуваат во работата на организацијата;
- Да бираат и бидат избрани во органите и телата на организацијата;
- Да доставуваат предлози и да иницираат прашања до било кој авторитет во националното друштво.
член 14

Членството во Црвениот крст престанува:
- Со поднесување писмена изјава за истапување;
- Со неплаќање годишна членарина, освен доколку претплатата не се обнови, заради што членот претплатник ќе добие потсетување еден месец пред истекот на тековната година;
- Со исклучување.
член 15
Општинската организација на Црвениот крст исклучува член од членството во следните случаи:

- При повреда на основните принципи на Движењето;
- Непочитување на Статутот на Црвениот крст на РМ;
- Злоупотреба на амблемот на Црвениот крст;
- Вклучување во активности кои се штетни за угледот или активностите на Црвениот крст на РМ.

Во случаите на полесна повреда, членот на Црвениот крст добива опомена, и последна опомена пред исклучување.
Членот на Црвениот крст има право на жалба по изречената мерка до Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.
член 16
Постапката за исклучување од членството во Организацијата, изречените мерки и правото на жалба се регулира со посебен акт донесен од Собранието на Црвениот крст на РМ.
nikle22
nikle22
Администратор
Администратор

Број на мислења : 912
Age : 32
Местолокација : Скопје, Македонија
Поени :
КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Left_bar_bleue150 / 100150 / 100КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-25

https://brkajrabota.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Empty Re: КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Пишување by dor4o Пон Јан 12, 2009 4:50 am

Абе имам многу обврски инаку би се приклучил
dor4o
dor4o
Чирак
Чирак

Број на мислења : 144
Местолокација : Скопје
Поени :
КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Left_bar_bleue50 / 10050 / 100КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-25

Вратете се на почетокот Go down

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Empty Re: КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Пишување by Toci Чет Јан 15, 2009 10:55 am

Добра работа е ова за црвен крст али треба некој на мене да ми помогне а не ја да помагам хахахахахаха Лажам
Toci
Toci
Шеф
Шеф

Број на мислења : 418
Age : 31
Местолокација : Дома и кај Чаки од време на време хаха Лажам
Поени :
КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Left_bar_bleue50 / 10050 / 100КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-06

Вратете се на почетокот Go down

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ? Empty Re: КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот