Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

5 posters

Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by Ljupcomir Пон Јан 05, 2009 7:06 pm

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Nikola_Tesla21
Ако
го замислиме модерниот свет лишен од изумите на Тесла, би биле
изненадени колку тој би бил сиромашен. Џиновската индустрија би била
мртва, фабриките би биле пусти, градовите би останале во темнина,
луѓето би биле лишени од радиото и телевизијата, би застанале
трамваите, тролејбусите, возовите... ширум планетата би завладеал
морничав мир, молк и мрак. Бучниот и осветлен свет наеднаш би станал
маѓепсано и заспано кралство од Трнорушка.

Монументалното научно дело на Тесла е грижливо проучено и добро
оценето. За епохалната вредност на неговите пронајдоци на подрачјето на
електрониката се знае многу и веродостојно, но за структурата и
динамиката на неговата интересна личност, се знае малку и недоволно
веродостојно.

Личноста на Тесла и денес се уште е енигматична, обвиена со многу
тајни. На површината добро се видливи способностите на Тесла и цртите
на личноста како што се развиена фантазија, интровертност, љубопитност,
рационализам, аскетизам и друго. Кај Тесла уште во раното детство се
покажала особена моќ на имагинација односно способност за создавање
детални, богати, живи и реалистични претстави во фантазијата.
Благодарение на живата имагинација, Тесла лесно во својот ум реализирал
многу сложени експерименти без какви било цртежи, примери и
лабораториски инструменти. Тој, несомнено бил исклучително интровертна
личност, грижливо свртена кон скриениот субјективен свет, склон кон
интроспекција.

Најголемата и најгрижливо негувана страст на Тесла била страста за
изнаоѓање непознати принципи, закони и неистражени светови. Најголемо
задоволство овој воздржан и дисциплиниран човек наоѓал во истражувањето
во радоста на откривањето.

РАДОСТ НА НАУЧНОТО ОТКРИВАЊЕ


Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Nikola-tesla

- Мислам дека не постои восхитување кое може да помине низ човековата
душа слична на она што научникот го чувствува кога ќе види дека
творбата на неговиот мозок се претвора во успех...Таквите чувства го
тераат човек да заборави на храна, сон, пријатели, љубов - се -
зборуваше Тесла.

Големиот научник успеа со силата на железната волја да направи од себе
робот и својата енергија да ја подреди на една единствена цел -
творечката работа. Аскетизмот на Тесла е видлив во неговиот однос кон
жените. Тесла, тврди О'Нил, ја избриша љубовта од својот живот, дури и
жената ја избриша од своите мисли.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД БРАКОТ

Во едно интервју, на прашањето дали уметниците и научниците треба да се
женат, Тесла вели : Уметникот, да; музичарот, да; научникот, не. Првите
двајца мораат да добиваат инспирација од женското влијание и до фините
достигнувања да дојдат водени од љубовта, но природата на научникот е
со толку диво, страстно во себе, така што предавајќи и се на жената
која ја сака, би предал се и ништо не би му останало за избраното поле.
Не верувам дека можете да наведете многу големи научници кои биле
оженети - рекол Тесла. Тој додал дека и тоа е штета бидејќи понекогаш
сме така осамени.

Таткото на современата електротехника и роботика имал огромна верба во
моќта на логосот и техниката. Тој во себе носел просветителско
убедување дека со напредокот на знаењето човекот незадржливо се движи
кон благосостојба, материјална и духовна.

СКРИЕНИ ЦРТИ: СКЛОНОСТ КОН МИСТИКА И НАРЦИЗАМ

Овој голем рационалист бил истовремено подложен на парапсихолошки
доживувања, визии и мистични состојби. Сепак, ниту е ретко, ниту
необично токму оние кои го пренагласуваат значењето на разумот, длабоко
во несвесното да кријат потиснати склоности кон мистични и култни
појави. Под Теслината впечатлива скромност и аскетизам се крие
нарцисоидноста, која е забележителна во неговиот напор своите големи
откритија да ги направи пристапни до јавноста на доста ефектен, а често
и сензационален, шокантетн начин на кој ја фасцинирал публиката. Да се
потсетиме на познатите пози на фотографиите на Тесла, на кои големиот
научник седи и чита во лабораторија осветлена со мистичен блесок од
сноп на вештачки молњи.

ПРОБЛЕМОТ СО НЕУРОЗАТА НА ТЕСЛА

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Nikola_Tesla_struii
Неспорно
е дека Тесла имал разноврсни фобии (претереан страв од нечистотија и
зарази), аверзија (кон дебели жени, обетки, бисери, коса), како и
работи како миење раце и броење. И покрај неуротичните симптоми, за
Тесла не може да се тврди дека бил неуротичен. Неурозата подразбира по
дефиниција, слабост на функцијата на егото, неспособност на мисловната
концентрација, отежнато расудување, проблем во одлучувањето, како и
непособност за добро извршување на професионалната дејност. Големиот
научник, неспорно, имал извесни неуротични црти (претерана уредност и
чистота, тврдоглавност, самодисциплина), но не бил неуротичен. Доказ за
тоа е неговата необична работна енергија и исклучително плодна научна
дејност. И на крај, Тесла, никогаш не се пожалили дека му е потребна
помош на психијатар. Според тоа, Тесла не бил неуротичар туку имал
опсесивна структура на карактерот. Тој своите опсесивни реакции успеал
да ги совлада и вклопи во структурата на личноста, така што дури и му
помагале во творењето.
Ljupcomir
Ljupcomir
БркајРабота VIP
БркајРабота VIP

Број на мислења : 401
Age : 30
Местолокација : Живеам далеку, а утре ќе врне
Држава : Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник EastTimor
Поени :
Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-04

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by kiko_vlae Вто Јан 06, 2009 3:59 pm

тесла беше шо ја отркил струјата така lol! lol!
kiko_vlae
kiko_vlae
Про
Про

Број на мислења : 866
Age : 30
Местолокација : право па лево у 4-та врата надесно круг xD
Поени :
Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-30

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by Buubz Чет Јан 08, 2009 2:10 am

ууууууууу занимливо е ова за тесла....али типов бил мн у право ...
Buubz
Buubz
Шеф
Шеф

Број на мислења : 438
Age : 30
Местолокација : Погледни преку прозор...ќе ме видиш..
Поени :
Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Left_bar_bleue40 / 10040 / 100Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-04

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by Toci Вто Јан 13, 2009 1:39 pm

Абе Коле Мотичето бил многу паметен чим струјата ја измислил
Toci
Toci
Шеф
Шеф

Број на мислења : 418
Age : 30
Местолокација : Дома и кај Чаки од време на време хаха Лажам
Поени :
Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-06

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by Chaki Саб Јан 17, 2009 7:00 am

kiko_vlae напиша:тесла беше шо ја отркил струјата така lol! lol!
Не,Чак норис е типот на кој мислиш ти. Smile
Chaki
Chaki
Модератор
Модератор

Број на мислења : 1256
Држава : Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Afghanistan
Поени :
Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Left_bar_bleue65 / 10065 / 100Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-27

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - Сите фобии на големиот научник

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот