Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Што е философија?

3 posters

Go down

Што е философија? Empty Што е философија?

Пишување by nUt Пон Јан 12, 2009 9:05 pm

Приметив дека темава е за философија, а нема нешто општо за неа.. па еве еден извадок од "Светот на Софија":


Најдобар начин да и се приближиме на философијата е да поставиме неколку философски прашања:
Како
настанал светот? Постои ли некаква волја или намера во тоа што се
случува? Постои ли живот по смртта? И најважното, како треба да
живееме? Луѓето ги поставувале тие прашања со векови. Не познаваме
ниедна култура што не се занимавала со прашањето кој е човекот и од
каде потекнува светот.
Во основата, не постојат многу философски
прашања што можеме да ги поставиме. Веќе поставивме неколку најважни
прашања. Но, историјата ни дава многу различни одговори на секое од тие
прашања. Затоа е полесно да се поставуваат философски прашања отколку
да се одговара на нив.
Дури и денес така секој поединец мора да го
открие сопствениот одговор на истиве прашања. Не можеме да откриеме
дали постои Бог или живот по смртта истражувајќи по енциклопедии. Ниту
пак енциклопедијата ни кажува како треба да живееме. Сепак, читањето на
гледиштата на другите луѓе може да ни помогне да го обликуваме
сопственото гледиште за животот.

Еден грчки философ, што живеел
пред повеќе од две илјади години, верувал дека философијата настанала
поради тоа што луѓето се чудат. Луѓето веруваат дека животот е чудо и
затоа философските прашања се појавувале сами од себе.

Небаре
гледаме волшебен трик. Не можеме да сфатиме како е направен. Затоа
прашуваме: Како може магионичарот да претвори две свилени бели шамии во
жив зајак?
Многу луѓе не можат да го сфатат светот како што не можат
да сфатат како магионичарот може да извади зајак од шапката што
претходно ја виделе празна.
Во случајот со зајакот знаеме дека
магионичарот не излажал и ние само сакаме да знаеме како го направил
трикот. Но, кога се работи за светот, работата е на извесен начин
поинаква. Знаеме дека светот не е хокус - покус и илузија зашто ние сме
во него, ние сме дел од него. Всушност, ние сме белиот зајак што е
извечен од шапката. Единствената разлика меѓу нас и белиот зајак е тоа
што тој не е свесен дека учествува во магионичарски трик. За разлика од
нас. Ние чуствуваме дека сме дел од нешто мистериозно и сакаме да
откриеме како работи тоа.

Што се однесува до белиот зајак,
можеби е подобро да го споредиме со целиот универзум. Ние што живееме
тука сме микроскопски инсекти што живеат длабоко во крзното на зајакот.
Но философите секогаш се обидуваат да се искачат по убавите влакна на
крзното за да можат да го гледаат магионичарот право во очи.


чекам сега ваше мислење за тоа што сметате вие под поимот философија... geek
nUt
nUt
БркајРабота VIP
БркајРабота VIP

Број на мислења : 554
Age : 31
Местолокација : Between the flowers....
Поени :
Што е философија? Left_bar_bleue55 / 10055 / 100Што е философија? Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-05

Вратете се на почетокот Go down

Што е философија? Empty Re: Што е философија?

Пишување by Toci Вто Јан 13, 2009 2:16 pm

Абе чудна работа е ова философија али не е за нас џД
Toci
Toci
Шеф
Шеф

Број на мислења : 418
Age : 30
Местолокација : Дома и кај Чаки од време на време хаха Лажам
Поени :
Што е философија? Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Што е философија? Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-06

Вратете се на почетокот Go down

Што е философија? Empty Re: Што е философија?

Пишување by Konjot Сре Фед 04, 2009 1:13 am

За да си философ треба да си интелегентен човек и тоа многу или да си некој будист од 100 години!!! Да не се философите т.е. немаше да настанат ни другите природни науки, бидејќи во превод философија е љубов кон науката( ако не ми верувате прашајте го Аристотел)!!!
Konjot
Konjot
Деловен работник
Деловен работник

Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Што е философија? Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Што е философија? Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-04

Вратете се на почетокот Go down

Што е философија? Empty Re: Што е философија?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот