Бркај работа
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Никола Тесла

4 posters

Go down

Никола Тесла Empty Никола Тесла

Пишување by nikle22 Пон Јан 05, 2009 1:02 am

Долго време се мислев дали темава да ја сместам во филозофија или во наука сепак ја сместив во наука
Дали некој знае што се има пронајдено Никола Тесла, дали знаете тој колку векови бил пред нас дали знаете дека има нешта коишто сеуште не можат научниците да си ги објаснат а тој уште тогаш ги направил ...
Секоја чест Тесла само тоа имам да кажам а за него и нешто повеќе
кола Тесла (Смиљан, кај Госпиќ, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) e генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Роден е во Смилјан, Хрватска, а по потекло е етнички Србин. Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

По неговата демонстрација на бежичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во "Војната на струите", тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник [2]. Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инжинерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, [3] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан со приматот луд научник.[4] [5] Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.

Единицата во СИ системот за густина на магнетен флукс или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака B\,), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.

Покрај неговата работа во областа на електро-магнетизмот и инжинерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теоретската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"[6] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет."[7]

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш нема да го добие ова големо признание.

Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.
nikle22
nikle22
Администратор
Администратор

Број на мислења : 912
Age : 32
Местолокација : Скопје, Македонија
Поени :
Никола Тесла Left_bar_bleue150 / 100150 / 100Никола Тесла Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-25

https://brkajrabota.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла Empty Re: Никола Тесла

Пишување by LeKi Вто Јан 06, 2009 12:47 am

Значајни награди:
Едисонов медал (АИЕИ, 1916),
Златен медал на Елиот Кресон (1893),
Медал на Џон Скот (1934)
LeKi
LeKi
Администратор
Администратор

Број на мислења : 777
Местолокација : Куманово, Македонија
Поени :
Никола Тесла Left_bar_bleue120 / 100120 / 100Никола Тесла Right_bar_bleue

Registration date : 2008-12-31

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла Empty Re: Никола Тесла

Пишување by Konjot Сре Јан 07, 2009 12:34 am

Незнам колку е вистина но, имам чуено дека при крај на својот живот предложил да се направи енормно електро-магнетно поле над Европа и при тоа, кој и да е летачки објект кој би дошол во контакт со ова поле нагло ја губи сета моќ и паѓа на Земјата. Доколку овој пронајдок би се извел во природата тогаш мислам дека онаа земја која биго поседувала тоа не би можело да се нападне по воздух. Денес тоа би им дошло добро на Палестинците во Газа бидејќи ова Израелциве не се шалат многу многу. СО други информации малку подоцна...
Konjot
Konjot
Деловен работник
Деловен работник

Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Никола Тесла Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Никола Тесла Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-04

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла Empty Re: Никола Тесла

Пишување by Saint_GHB Сре Јан 14, 2009 11:31 pm

За тесла слушнав дека на момент успеал да ги промени половите на земјатаа.. ама нз точно како беше...ма да мене не ми се верува дека го направил тоа
Saint_GHB
Saint_GHB
Чирак
Чирак

Број на мислења : 115
Age : 30
Местолокација : K4
Поени :
Никола Тесла Left_bar_bleue50 / 10050 / 100Никола Тесла Right_bar_bleue

Registration date : 2009-01-10

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла Empty Re: Никола Тесла

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот