АЛГИТЕ- ЌЕ ГО СПАСАТ СВЕТОТ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
2 posters
Страна 1 of 1
АЛГИТЕ- ЌЕ ГО СПАСАТ СВЕТОТ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Алгите ќе го спасат светот од енергетската криза
Европската Унија постави цел до 2020 година во сите нејзини членки 10 проценти од горивата да бидат од обновливи извори
Зелените алги може да се произведуваат во специјални базени, а единствено нешто што им треба е сончева светлост и доволно количество јаглероден диоксид
Зелените алги, кои се едни од наједноставните организмите на планетата, се решението за енергетската криза во светот, бидејќи лесно може да се одгледуваат, а по процесот на преработка од нив се добива големо количество биогориво, тврдат британски научници.И покрај тоа што значително варираат прогнозите кога светот конечно ќе остане без фосилни горива, развиените земји веќе бараат замена за нафтата и за нејзините деривати. Една од варијантите, која веќе наоѓа примена е биогоривото, кое најмногу се произведува од пченица, пченка и од маслодајна репка.
Европската Унија постави цел до 2020 година во сите членки 10 проценти од горивата да бидат од обновливи извори. Но, експертите се сомневаат дека ова може да биде исполнето во дадениот рок, бидејќи ЕУ во 2007 произведе вкупно 5,7 милиони тони биодизел, што претставува само 2 отсто од поставената цел.
- Ова не е единствениот проблем. Ако се земат предвид сите трошоци, како одгледувањето, цената на ѓубривото, работната рака и транспортот, крајната цена е многу висока. Освен тоа, на долг рок биогоривото е неодржлив извор на енергија, бидејќи за негово производството се користат големи површини плодна земја и продукти што се едни од главните во исхраната на луѓето - објасни Ричард Пајк, извршен директор на Кралскиот институт за хемија, лоциран во Лондон.Научникот наведе дека многу поисплатлива варијанта е производството на еколошки горива од алги.
- За разлика од другите супстанции, алгите се многу подобра опција. Не им треба земја, ниту дополнителни адитиви. Може да се произведуваат во специјални базени, а единствено нешто што им треба е сончева светлост и доволно количество јагледроден диоксид. Во соодветни услови испуштаат големи количества липиди, масти од кои по обработката се добива биогориво. Бидејќи се размножуваат многу брзо, еден акр алги дава 10.000 галони биодизел. За споредба, од иста површина насадена со соја се добива 48 галони, а од репка 120 - истакна Пајк.Постојат два начина на одгледување на алгите. Во вештачки езера, или, пак, во базени во „фарми за алги“.
И покрај тоа што варираат прогнозите кога светот ќе остане без фосилни горива, автомобилската индустрија веќе бара замена за нафтата и нејзините деривати
Првиот е поевтин, но на него влијаат надворешни фактори како што е загадувањето и временските услови, додека фармерството е далеку попродуктивно, но бара и поголеми вложувања. Фармите за алги ќе мора да бидат опремени со специјални базени од пластика и фотобиореактори, кои ќе го забрзаат растот на алгите.Вил Турмонд, претседател на американската Национална асоцијација за истражување на алгите, смета дека во крајна линија економските процени ќе ја одлучат иднината на овој процес.
- Примитивниот метод е да се соберат алгите со мрежа и од нив буквално да се исцеди маслото. Фармерството е многу пософтицирано и соодветно за научни истражувања бидејќи лесно може да се манипулира со условите во кои се развиваат алгите. Вториот метод кој би се употребувал во фармите е додавање хемиски реагенси кои липидите би ги одделиле од останатите непотребни супстанции. Ова е препорачаната варијанта за сите што би сакале да отворат фарми на алги, сепак, процедурата се' уште не е доволно истражена и засега е комерцијално неисплатлива - истакна Турмонд.Решение за проблемот нудат генетичарите. Крег Вентер од реномираниот Институт за генетски истражувања во Калифорнија тврдат дека развиле бактерија на која за растење и' е потребно само сончева светлина и вода.
- Мастите што ги испуштаат се продукт на метаболизмот. Убеден сум дека наскоро ќе ја произведеме првата бактерија што по созревањето може, без дополнителни трошоци, да се транспортира на понатамошна обработка во рафинерија - истакна генетичарот.
Сепак, и покрај значителниот развој на биоетанолот и биодизелот, еколошките горива се' уште се далеку од масовна употреба. Автомобилската индустрија и би можела да се приспособи на новиот тип горива, но се' уште нема замена за керозинот што го користат авионите и останатите воздухоплови, бидејќи биогоривата лесно замрзнуваат на температури под нулата. Експертите оценуваат дека еколошките горива не ќе можат да влезат во масовна употреба, најрано до 2020 година.
ИНФО-Исплатлива инвестиција
Производството на еколошки горива од алги е многу исплатлива инвестиција, бидејќи не им треба земја, ниту дополнителни адитиви. Може да се произведуваат во специјални базени, а единствено нешто што им треба е доволно количество сончева светлина и јагледроден диоксид. Во вакви услови испуштаат големи количества липиди, масти од кои по обработката се добива биогориво. Бидејќи се размножуваат многу брзо, еден акр (околу 4.000 квадратни метри) алги дава 10.000 галони биодизел. За споредба, од иста површина насадена со соја се добива 48 галони, а од репка 120.

Re: АЛГИТЕ- ЌЕ ГО СПАСАТ СВЕТОТ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Не е фер, има толку многу животи*и и ст*ки таму надвор осудени на смрт или слични работи шо не најдат начин од нив да напраат енергија, него и онака еден ден сите ќе поцркаме и ај сеа троши све шо останало. Шо фајде дека можеш у лабораторија да ги создадеш коа едноставно некои работи не изгледаат така во пракса, како што се прикажани во теорија...
Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Re: АЛГИТЕ- ЌЕ ГО СПАСАТ СВЕТОТ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
sto??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????
тоа ти е науката и целиот развој ке го разбереш после 18 години
Извини али науката е напред.... а во Кламат(националниот парк)(еден и единствен)(Орегон) веќе и се користат такви бродови, глисери итн кои работат на био гориво се со цел берење на алгите а да не дојде до загадување на езерото и древните животинки(Кламат е национален парк заштитен од САД) не се криви научниците и другите заштитувачи и на околината и на светот со тоа што ние многу малку знаеме што е култура, чиста околина(но време е да се опаметиме за да не мутираме или да се разболиме.) ... така да научниците и во пракса и во теорија се активни
п.с
Американците, Англичаните и други народи кои внимаваат на нивните богати и природни паркови(но и на заштита на светската екологија(зелен свет)
За разлика од нас, а тоа може слободно да се види..........

Konjot напиша:Не е фер, има толку многу животи*и и ст*ки таму надвор осудени на смрт или слични работи шо не најдат начин од нив да напраат енергија, него и онака еден ден сите ќе поцркаме и ај сеа троши све шо останало. Шо фајде дека можеш у лабораторија да ги создадеш коа едноставно некои работи не изгледаат така во пракса, како што се прикажани во теорија...
Патем, се се враќа, се се плаќа. се што не е од скроз биолошко потекло ќе се одрази штетно...
Konjot- Деловен работник
- Број на мислења : 544
Age : 30
Местолокација : Држава Ѓорче
Поени :
Registration date : 2009-01-04
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот